Што всушност се случува кога го пиете „шаманскиот пијалак“ Ајахуаска ?

0
albertojosevarela.com

Луѓето велат дека ова е најефективниот халуциноген кој постои во моментов. Се смета дека е опасен за консумација, така што е забранет во многу земји во светот.

Сепак благодетите од користење на Ајахуаската сè уште не се проверени.

Зошто амазонските заедници го користеле овој пијалок за лекување на психолошки и физички заболувања. Како функционира? Што е Ајахуаска?

Познато е дека Ајахуаската е психоделичен пијалак, кој обично се користи за многу ритуали во Амазон.

Овој пијалак се подготвува со превривање на две амазонски растенија кората на еден вид лоза Psychotria viridis“ и виновата лоза од „Banisteriopsis caapi“. Лозата содржи психоделично соединение наречено DMT или хемикалија која е слична на невротрансмитерот серотонин.

Дали знаете дека ова соединение може да се најде во скоро секоја храна и растителните производи што ги јадеме?

Причината зошто оваа хемикалија не допира до нашиот мозок е тоа што со помош на ензимите во стомакот таа се преработува и нема доволно време да стигне до мозокот.
Но, виновата лоза во ајахуаската ја спречува правилната работа на овие ензими и му дозволува на „DMT“ да навлезе во крвотокот и да ја премине крво-мозочната бариера, па мозокот може да го доживее нејзиниот ефект. Психоделичното искуство кое луѓето го искусуваат обично трае околу 4 часа, но кај некои може и да трае до 6 часа.

Дали е опасна?

Истражувањата покажуваат дека телото може да се ослободи од двете компоненти кои го предизвикуваат ова психоделично доживување.
Луѓето во Амазон го имаат усовршено процесот на подготовка на овој пијалак, но Ајахуаската е многу опасна доколку пробате да ја подготвите сами.

Кои се бенефитите од овој „шамански пијалак“ ?

Психоделичното искуство кое луѓето го доживуваат може да биде терапевтско, честопати луѓето стануваат помалку депресивни по консумација на овој пијалак.

Оние кои пробале Ајахуаска изјавуваат дека успеале да стигнат до одговорите или полесно да ги решат / прифатат проблемите со кои се соочуваат и се чувствувале повеќе фокусирани.

Вообичаено, некои луѓе велат дека стануваат повеќе свесни за себе, своите желби, и го пронашле својот внатрешен мир, а истото ова го доживуваат и оние луѓе кои практикуваат секојдневна медитирација.

Погледнете го видеото:

Извор: peacequarters.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.