Што се може да направите со пиво?

0

Веројатно после продолжениот викенд во вашиот фрижидер ќе останат залихи на отворени пивски шишиња со кои нема да знаете што би направиле, освен да ги фрлите. Но, пивото има и други намени кои можат да ви бидат од корист секој пат кога некое пиво ќе ви остане недопиено.

Бифтекот ќе биде многу посочен ако еден ден отстои во маринада од пиво. Не само што месото ќе биде повкусно, туку и многу меко. Во пиво можете да готвите ракчиња. Тие ќе ја задржат нивната свежина и ќе бидат крцкави.

13173633_10210007839540408_1295237786681662992_n

Замислете колку би било поинтересно ако чистите по дома со пиво. Тогаш, домашните обврски нема да ви претставуваат претешка обврска. Пивото е одлично за полирање на дрвениот мебел и дограма. Пивото на дрвото му дава сјај и здрав изглед.

Во полна када со топла вода, ставете неколку конзерви пиво. Верувале или не, ова е одлично за вашата кожа, ако се земе предвид дека квасецот е основна состојка во пивото. Тоа ја измазнува кожата и ја прави сјајна. За да го неутрализирате мирисот на пивото, во кадате додадете неколку капки етерично масло од ванила или кокос.

Ставете малку пиво на оние места од вашиот тревник кои се исушени и со кафена боја. Тревата ќе ги апсорбира хранливите материи и шеќерот од пивото и ќе порасне побрзо, зелена и убава.

13173776_10210007839580409_7808270178789165271_n

Пивото е одлично за полирање на златниот накит. Намокрете парче памучна ткаенина со пиво и почнете да го триете парчето злато додека не видите дека почнува да сјае. Ова не го употребувајте ако накитот е со скапоцени камења.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот