Што открива бојата за вас?

0

Која боја намалува апетит, а која го зголемува притисокот?

Секоја боја има специфично значење и различно влијание врз нашето однесување и расположение.
Комбинацијата на жолта и црвена боја го зголемува апетитот, додека пак плавата го намалува.

Доколоку во наша близина има плава боја, ние најлесно може да заспиеме, а розевата боја секогаш ни измамува насмевка на лице.

За да ја направите вашата средина што е можно попривлечна за умот и телото, откријте што значат вашите омилени бои.

Црвената е прва боја што ја забележуваме
Најновите истражувања покажуваат дека доенчињата од својата втора недела можат да ја видат црвената боја бидејќи има најдолга бранова должина од останатите бои, па затоа рецепторите на детето и нервите во очите најлесно можат да ја обработат.

Црвената е боја на енергијата, страста и акцијата, ја засилува возбудата, желбата за храна и другите потреби. Ако сме опкружени со премногу работи во оваа боја, можеме да станеме раздразливи, вознемирени, па дури и лути, затоа се препорачува оваа боја да се избегне односно да не се користи на ѕидовите.
Црвената боја го зголемува нивото на физичка енергија, брзината на отчукувањето на срцето, квниот притисок и потикнува ослободување на адреналинот.
Личностите на кои им е омилена оваа боја, најчесто се екстровертни, оптимистични и храбри.

Најомилената боја во светот
Резултатите добиени од истражувањата кои ги направија неколку глобални маркетиншки компании, велат дека 40 % од луѓето ја имаат одберено плавата боја како омилена боја.

Од психолошка песпектива, плавата боја е боја на довербата, одговорноста и сигурноста. Го намалува стресот и создава чувство на смиреност, и затоа е идеален избор за дневната или спалната соба.
Меѓудругото, го успорува метаболизмот и се препорачува да се користи и во кујната ако сакаме да го намалиме апетитот, за разлика од рестораните каде постојано се користат топли бои.

Луѓето на кои им е омилена оваа боја, најчесто се конзервативни, од доверба, промислени и не сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Во минатото користењето на плавата боја било толку ценето, така што постоеле закони со кои на уметниците им било препишано на кој начин можат да ја користат оваа боја. Најчесто ја користеле само за боење за облеката на Исус и Богородица. Оваа боја ја сакаат и летните непријатели- комарците, затоа во текот на летото избегнувајте ја облеката со темносина боја.

Боја која се избегнува во авион
Жолтата боја предизвикува мачнина, а често пати ја нарекуваат и најиритантната боја заради прекумерната стмулација на окото. Иако не е пожелна во авион, оваа боја често се користи во домот или канцеларијата. Потикнува креативност, оптимизам, и ја подобрува перцепцијата.

Сепак, премногу жолто може да предизвика вознемиреност и емоционална нестабилност. Таа делува како и црвената, го буди апетитот.

Луѓето на кои оваа боја им е омилена најчесто се креативни и перфекционисти.

Без лутина
Розвата боја го потиснува гневот и тегобите. Затворите и установите за ментално здравје често ги бојат ѕидовите во оваа боја како би го контролирале однесувањето на агресивнте затвореници и пациенти.

Во психологијата оваа боја е претставува надеж. Ги зајакнува емоциите и го смирува чувството на лутина. Личностите кои ја сакаат оваа боја најчесто се чувствителни, добродушни и пријателски расположени.

Бојата на фантазијата
Виолетовата е боја на фантазијата и духовноста. Ако сте во потрага по идеална боја во која ќе ги обоите ѕидовите на вашата канцеларија, ова е бојата за вас.

Инспирира и дава чувство на оригиналност, но со претерување на оваа боја може да се добие чувство на депресија. Ако ова е вашата омилена боја, вие сте креативни, сакате да дејствувате индивидуално и сте многу сочувствителни.

Грците и римјаните биле фанатици за оваа боја. Генералите носеле облека во виолетова и златна боја додека на сенаторите и конзулите облеката им била порабена со виолетова трака. Во римското царство до 4 век, само кралот смеел да ја носи оваа боја.

Црно-бел свет
Иако оваа ахроматска боја не се наоѓа во спектарот на бои, најчесто ја ставаме во ист ќош со црвената, плавата, зелената и останатите шарени бои.

Белата боја означува чистота и нови почетоци.

Научниците на почетокот носеле облека без боја, а од 19 век докторите ја одбрале белата.

Белата боја често станува омилена кога станува збор за драстични промени во животот.

Црната боја во психологијата претставува моќ и контрола, а била и една од првите бои кои се користеле во уметноста.

Праисториските уметници користеле јаглен и грозје како би го создале црниот пигмент на боја со кои цртале по ѕидовите во пештерите.

Црната боја е одраз на контрола, независност и силна индивидуалност.

 

Која е вашата омилена боја?

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот