Што не смеат да јадат кучињата?

0

На вашите миленичиња често им давате да јадат сè и сешто. Па како да не им дадете да каснат од грицките во коишто уживате вие или да им ускратите барем еден залак вкусен домашен колач?! А знаете дека е погрешно. Оваа храна кучињата никако не смеат да ја јадат.

Семки од јаболка – можат да предизвикаат проширени зеници, тешко дишење, дури и смрт на некои кучиња.

Кокос и кокосово масло – овие производи се здрави, ама можат да предизвикаат иритација на стомакот и дијареЈа.

Авокадо – содржи персин, супстанција што предизвикува дијареЈа и повраќање кај кучињата.

Грозје и суво грозје – можат да предизвикаат болест на бубрезите и да доведат до нивно откажување.

Семки од кајсии – и тие предизвикуваат проширени зеници, тешко дишење и иритации.

Лук и кромид – со текот на времето овие две намирници можат да предизвикаат анемија и гастро интестилни иритации.

Живо или недоволно сварено месо и коски – ова месо во себе може да содржи бактерии како салмонела или ешерихија коли, а коските можат да доведат до пробивање на гастро интестиналниот тракт, иако се омилена храна на кучињата.

Камилица – кај кучињата може да предизвика дерматит, повраќање, дијареја и анорексија.

Солена и посолена храна – не им давајте чипс затоа што може да предизвика претерана жед и мокрење, а во случај на труење со натриум и повраќање, дијареја, депресија, вкочанетост.

Семки од цреши – истите симптоми како семките од јаболка и кајсии.

Ореви, бадеми и кикирики – можат да предизвикаат повраќање, дијареја и проблеми со панкреасот заради високата содржина масти во нив.

1

Домати – можат да доведат до труење со соланин, а споредните ефекти се анорексија, дијареја, летаргија, депресија, конфузија, промени во однесувањео, бавна работа на срцето.

Цитрусно овошје – дури и мали количини можат да го иритираат стомакот на кучето.

Чоколадо – повеќето луѓе избегнуваат да им даваат чоколади на своите кучиња затоа што слатките работи се лоши за забите и видот, ама нивното консумирање може да доведе и до претерана жед, мокрење, хиперактивност и абнормален срцев ритам.

Живи јајца – недоволно процесираните јајца можат да предизвикаат проблеми со кожата и со крзното, а постои и потенцијална опасност од салмонела или ешерихија коли.

Млеко и млечни производи – луѓето и мачките го поднесуваат млекото, ама кај кучињата тоа може да предизвика иритација на стомакот и дијареја.

Листови и кора од компири – предизвикуваат повраќање, дијареја, анорексија, летаргија и депресија.

Алкохол – може да предизвика повраќање, дијареа, отежнато дишење, кучето да падне во кома, дури и да умре ако случајно испило поголема количина.

Секако, не реагираат сите кучиња исто на сите намирници, па ако имате какви било дилеми со исхраната, консултирајте се со ветеринар.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар