Што најмногу се пребарува на Google?

0

Финалната анализата за најпребарувани работи на Google до сега, траела повеќе од две години, а завршила пред неколку месеци оваа година. Фокусот на овие анализи бил ставен врз прашања кои луѓето секојдневно го прашуваат Google.

На прашањето ”Што најмногу се пребарува на интернет?” ,одговорот добиен од ова истражување е: Преведување – односно Google Translate.

Повеќе од 10 години биле испитувани клучните зборови кои се користат при пребарување, потрошени се повеќе од 5 години за да се анализираат и спојат податоците што ги претставуваат најпопуларните клучни зборови за пребарување.

Завршните резултати од истражувањето изгледаат вака:

Топ 10 најпребарувани работи на интернет
1. Преведување – Google Translate , со 226,000,000 месечни пребарувања
2. Временска прогноза , со 124,000,000 месечни пребарувања
3. Мапа , со 101,000,000 месечни пребарувања
4. Новости – News , со 45,500,000 месечни пребарувања
5. Бесплатно преземање на музика од youtube – youtube to mp3 , со 37,200,000 месечни пребарувања
6. Игри , со 30,400,000 месечни пребарувања
7. Тест на брзина – Speed Test , со 30,400,000 месечни пребарувања
8. Хотели , со 24,900,000 месечни пребарувања
9. Калкулатор ,со 24,900,000 месечни пребарувања
10. Ресторани , со 24,900,000 месечни пребарувања

Официјалната листа содржи над 100 пребарувани работи, детално анализирани и рангирани по точен редослед.

Што најмногу пребарувате вие?

Извор: seattleorganicseo.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот