Што му се случува на телото ако не водите љубов редовно?

0

Момчињата, ама и мажите раскажуваат бројни приказни со кои би ја натерале девојката да води љубов со нив. Секако, нормално е да го сакаат тоа, исто како и жените.

Дел од тие приказни може да се само обични бајки, а бидејќи за многумина сексот е и понатаму табу тема и не сакаат да зборуваат за тоа и да се информираат за сексот, се случува да „паднат“ на некои од овие приказни. Еден од најпознатите митови за сексот е дека тој е толку неопходен за телото, што ако немате редовни односи можете да се – разболите!

Ова, секако не е вистина. А приказната најчесто ја раскажуваат мажите кои сакаат секс набрзина, без предигра и емоции, за да ги убедат потенцијалните партнерки дека сè што прават, прават за сопственото здравје.

Вистината е дека сексуалната апстиненција во никој случај нема да му пречи на телото, а од друга страна може да пречи недоволното внимание од страна на мажот – тоа може да предизвика жената да се чувствува лошо и безвредно, а и сексот без предигра за жената може да е болен.

Вистината е дека редовното водење љубов придонесува за подобро психофизичко здравје, делумно заради самиот секс, а делумно и заради фактот што редовното водење љубов ја продлабочува врската меѓу партнерите.

Истовремено редовното водење љубов ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.

Да повториме – и покрај сите позитивни страни што ги носи редовното водење љубов, недостигот на секс сепак нема негативни и катастрофални последици врз организмот. Затоа уживајте и во животот и во сексот кога сакате, колку сакате и со кого сакате, подваши, а не туѓи правила. Не потпаѓајте под притисокот дека МОРА затоа што тоа е добро за вашето здравје. Добро е, ама не е неопходно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот