Што кога навистина посакувате да дознаете што има во кутијата, но немате можност да ја отворите сами?

0

Отпакуваме е најновата платформа базирана на концептот на популарните unboxing видеа низ светот. Македонската верзија на отпакуваме го има актерот Игор Ангелов како главен отпакувач”. Неговиот шармантен и суптилен хумор ги прави отпакуваме видеата интересни дури и за оние кои немаат навика да гледаат unboxing клипови.

Ние би ги нарекле мали залчиња на информации кои можете да си ги пуштите на youtube во автобус, пред спиење, на пауза од работа и било кога и да ви е потребен малку хумор, а притоа да добиете некоја корисна информација.

Игор отпакува најразлични производи, од електрични уреди и техника, па се до и храна, така што секоја епизода е различна и динамична. Но и Игор не е сам, многу од нашите познати личности се чести гости во епизодите, па заедно отпакуваат, коментираат, се воддушевуваат или хејтаат.

Почетокот на оваа платформа ветува многу и е токму она што некако ни фалеше во јавноста во ова време кога изборот на производи по полиците е огромен, а квалитетот е постојано под знак прашалник.

Објективни и забавни, отпакуваме се нашите нови омилени македонски клипови, па од срце ви препорачуваме да кликнете subscribe на нивниот канал и да ги заследите

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.