Што кога на друга жена ѝ се допаѓа вашиот партнер?

0

Секоја жена е свесна дека нејзиниот партнер би можел да ѝ се допадне и на друга. Па нели, ако таа го смета за привлечен, зошто не би било исто и со другите жени?! Ама, не постои жена што може да го задржи внатрешниот мир кога ќе дознае дека нејзиниот партнер е „мета“ и на некоја друга.

Реакциите на жените во оваа ситуација во голема мера зависат од нивниот карактер, но уште повеќе од однесувањето на мажот. Ако тој има привлечна колешка на работа, неминовно е да ја гледа секој ден. Партнерката ќе сака да знае како се однесува тој во тие ситуации и во која мера е мажот пријателски расположен кон потенцијалната соперничка.

Никогаш не е доволно мажот да ѝ каже на партнерката дека не е заинтересиран за својата колешка и дека ја гледа само како обична жена со којашто работи. Таа обично ќе сака да знае дали тој јасно ѝ кажал на својата колешка дека не е заинтересиран за неа, дали со неа се однесува воздржано и строго деловно… Можно е мажот да не гледа ништо лошо во пријателското разговарање, и да нема намера да се зближува повеќе од тоа, ама партнерката не може, а да не се запраша, зошто е толку пријателски расположен кон жената која е толку очигледно заинтересирана за него?!

Што може да направи во ваква ситуација мудрата жена? Советот од сите жени што поминале низ истото е едноставен – не кревајте врева за ништо, бидејќи ова може да предизвика контра ефект. Наместо да зборувате, покажете му од прва рака како гледате вие на неговото однесување, па бидете фина и насмеана (повеќе од вообичаеното) со некој свој пријател во негово присуство, нешто што сигурно нема да му се допадне. А потоа потсетете го зошто ве избрал токму вас за своја партнерка (тоа не мора да е секс, ниту подготовка на сочни шницли, може само да легнете покрај него на каучот додека гледа филм и да се галите).

По ваквото однесување, можете да бидете скоро сигурна дека колешката ќе му биде уште поневажна од претходно.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар