Што го чисти организмот и е одличен избор на храна по празничните денови?

0

По новогодишните прослави следи кратка пауза пред Божиќ кога повторно не очекува богата трпеза. Нутриционистот Бранислава Мирковиќ советува како да го исчистите организмот по маснотиите и пијалоците кои овие денови ги внесувате во себе.

Традиционално, во овој период трпезите се богати со празнично мени кое содржи руска салата, печено или роловано месо, сарма, салати од мајонез и за крај многу колачи. За подготовка на оваа храна се вложува многу труд и енергија, но и пари, а потоа истата со денови се чува во фрижидер и повторно се консумира.

„Со овие оброци го нарушуваме целиот дигестивен тракт, жолчката, панкреасот, крвта се симнува во стомак, а срцето работи забрзано како би можело да обезбеди доволна количина на крв за телото.
Потребно е да пресечеме, остатокот од храната да ја ставиме во замрзнувач и да се храниме умерено“ – Изјавува нутриционистот Бранислава Мирковиќ

Таа препорачува дека по обилните оброци, денот треба да започне со мусли, јогурт и двопек, додека за ужина треба да се консумираат цитрусни овошја.
Ручекот треба да започне со свеж зеленчук, а потоа во прилог на малата количина месо се додава свеж или термички обработен заленчук. Салатите треба да бидат исклучиво од свеж зеленчук, а како неизоставен дел треба да биде и туршијата која го чисти организмот од маснотии.

„Ако сме го преспале доручекот, тогаш треба така и да остане.“
Тоа значи дека наместо оброк, треба да се напиеме свеж цеден сок, а потоа да ручаме во времето предвидено за тоа.

Се препорачува доколку претходните денови и ноќи сте претерале со алкохол треба да внесувате големо количество на свежи цедени сокови, бидејќи фруктозата го лечи мамурлакот. Тогаш на организмот му е потребно нешто благо, па наместо да посегнете по слатки и колачиња, подобро јадете банана.

Кога е во прашање детоксикација на организмот, нутриционистите препорачуваат консумација на лековити чаеви и помал внес на мрсна храна, како и големо количество внес на овошје и зеленчук. Таа овој режим на исхрана да трае три до пет дена, а во најдобар случај и една недела.

Бранислава Мирковиќ го потврдува и фактот со кој се почесто се среќаваме, а тоа е за благодетите на гоџи овошјето. Објаснува како нашиот организам може да поднесе 150 до 200 грама овошје, што е количина која може да се внесе повеќе пати во текот на денот. Меѓутоа штом се помине границата од 400 до 500 грама, вишокот на килограми е загарантиран.

„Се што не може да свари организмот преминува како маснотија, дури и фруктозата од овошјето.“

Внимавајте на вашата исхрана и внесувајте свежо овошје и зеленчук.

Извор: prva.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.