Што е мажот без жена покрај себе?

0

Мажот без жена покрај себе најчесто е кариериста. Ладен и промислен бизнисмен. Или пак средновечен осаменик кој се залажува дека тоа е она што го посакувал во живото, а вистината е дека не е.

 Што е мажот без жена покрај себе?

Тој е повреден и тажен. Осамен, но и уплашен. Кога мажот ги сокрива емоциите и солзите се смета за вистински маж. Но, тоа воопшто не треба да биде така. Мажот не е слабак ако покажува емоции, ниту тоа го прави помалку мажествен. Мажот е подеднакво ранлив и му е потребно внимание и некој кој ќе го сака.

Мажот без жена е како стих кој недостасува во песна, која без тоа нема ниту мелодија, бидејќи тој е исто толку вреден за жената која е покрај него.

Жената на мажот му ги прави утрата поубави, а ноќите потопли. Кога е сам, тој е препуштен на инсомнијата која води борба наместо него. Затоа бегството го бара во антидепресиви и во другите жени. Да, пак жени, бидејќи што е тој без нив?

Амбициите на мажот без жена се помалку вредни. Таа е најчесто онаа која го охрабрува и верува во него, дури и кога не е оправдано, заради неа тој знае дека може подобро и вреди повеќе. Мажот го знае тоа. Затоа и велат дека позади секој успешен маж стои уште поуспешна жена.

Мажот без жена покрај себе е помалку свесен за потребите на другите, бидејќи за емпатија му е потребна жена. Жената е онаа која бира, но му дозволува постојано да ја лови, дури и тогаш кога веќе ја освоил. Места, територии, срцето, сите полиња кои тој сака да ги освојува бидејќи во природата на мажот е да доминира. Без жена во неговиот живот не би имал како да го прави тоа, и често не е ни свесен за тоа.

Без жена тој не би бил свесен ни што значи и колку е важна улогата да биде татко.

Мажот без жена е осуден да трага по невозможното.
Меѓусебната потреба еден за друг е она што ја прави жената жена, а мажот маж. Сјајот во очите и вербата дека тие тоа навистина го можат тоа заедно. Мажот и жената се создадени за љубов.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.