Што да направите кога шефот ја зема заслугата за вашата добра работа?

0

Дали некогаш ви се случило да направите успешен проект, предлог на вашето работно место и наместо да бидете пофалени и третирани во склад со вашата работа, шефот го презентира сето тоа како да е негово сопствено дело?

Еве што треба да направите доколку се најдете во ваква ситуација:

1. Не го претпоставувајте најлошото
Не си носете веднаш заклучоци дека тој тоа го сторил со намера. Можеби во приказната се крие многу повеќе. Затоа, почекајте и не се разочарувајте врз база на непотврдени факти.

2.Разговарајте отворено
Пријдете му на вашиот шеф што поскоро и отворено соочете се со него. Така точно ќе знаете ”на што сте”. Запамтете – немојте да бидете нападни, арогантни и негативни во текот на разговорот.

3. Документирајте ја вашата работа
Ако проблемот продолжи, погрижете се да имате докази за секое ваше лично дело и постигнување, за да имате аргументи при заземањето на ставот.

4. Вклучете го шефот во текот на вашата работа
Доколку шефот е во тек со сите детали поврзани со вашата работа, тој помалку ќе биде способен да земе заслуга за крајниот резултат. Од прва рака ќе биде сведок на сите часови и труд кои сте ги вложиле.

5. Немојте да ги споделувате идеите со шефот
Немојте да го правите тоа, особено без присуство на трета личност. Колку повеќе луѓе знаат дека идејата настанала во вашиот ум, толку повеќе е загарантиран вашиот успех.

6. Известувајте го шефот јасно за текот на работата
Бидете присутни на состаноците, праќајте извештаи по мејл. Искористете го секој можен начин за да обезбедите доказ за текот на вашата работа.

7. Бидете отворени во врска со својот тековен проект и идеи
Украсете ја вашата канцеларија со резултатите од тимската работа, покажете на околината дека напредувате и станувате поуспешни. Така и колегите ќе знаат дека покрај вашиот, го цените и својот тим и секогаш ќе стојат позади вас.

8. Најдете си нов шеф
Доколку излезе дека крадењето на заслугата била со намера и шефот продолжи да го прави истото и откако отворено сте му пристапиле, тогаш најдобро за вас е да го напуштите работното место. Лидер кој зема туѓи заслуги и не го цени трудот на своите вработени е личност со која не би сакале да работите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.