Што да купите ако ја фрлите целата гардероба од вашиот плакар?

0

Колку пати сте си рекле дека немате што да облечете? Колку пати сте гледале во плакарот и сте сфатиле дека ништо не ви се допаѓа, ништо не ви одговара, ништо не е соодветни за приликата за којашто се подготвувате?

И што ако треба да фрлите буквално сè од вашиот плакар? Што да купите за да имате парчиња за секоја прилика? Еве неколку предлози.

Фустан за секоја прилика

Одберете фустан што ќе можете да го носите кога излегувате на дневно кафе, кој ќе ви одговара за на работа, па дури и за вечерно излегување. Одберете ги бојата, должината и моделот според градбата на телото и вашиот тен. Со само едно парче облека ќе бидете подготвена за секаков тип излегување.

Морнарска блуза

Морнарскиот стил никогаш не излегува од мода. Но, во 2017 наместо класичната тегет бела варијанта, ви препорачуваме црвено бела, која одлично се комбинира и со фармерки, и со здолништа.

Едноставни обетки

Одберете обетки кои ќе ги носите секој ден, кои ќе ви одговараат на секоја гардероба и кои ќе бидат ненападни за да можете да ги носите секаде и секогаш.

Џемпер со копчиња

Црн, тегет или беж – одберете барем едно џемперче со копчиња што ќе можете да го комбинирате со секоја блуза или ролка – ем ќе ве згрее, ем изгледа одлично.

Бела кошула

Секоја жена мора да има барем една бела кошула во својот плакар. Најобична бела кошула којашто одговара буквално на секоја спортска или елегантна комбинација.

Црни фармерки

Или, наместо фармерки одберете црни панталони. Кога нема да знаете како да се дотерате, искомбинирајте ги со белата кошула и со малку накит и подготвена сте за излегување.

Чанта за на работа

Оваа чанта не мора да е црна. Не мора да одговара ни на бојата на ременот или на чевлите што ќе ги носите. Важно е да е голема, да ви се допаѓа и да му одговара на вашиот стил.

Бели патики

Одите на прошетка? Се качувате наа планина? Тргнувате на кафе докај пријателката? Вашите нозе ќе ви бидат благодарни ако облечете патики. Нека бидат бели, за да одговараат со сè.

Салонки со ниска потпетица

Секоја жена мора да има салонки со ниска потпетица за дневно излегување или за на работа, дури и за опуштени вечерни излегувања.

Црно палто

Секој пат кога сте во дилема што да облечете, црното палто ќе биде одличен избор. Ова е вистинска модна класика, можете да го комбинирате и со поспортска и со посвечена гардероба, зависно од приликата. Секако, може да се носи во скоро секој период од годината, па тоа го прави безвременско парче облека.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот