Што ако ве касне пчела?

0

Знаете ли како треба да постапите во случај да ве касне оса или пчела?

Летото е време во кое освен луѓето, уживаат и инсектите.

Ако сте алергични на некој од инсектите, немојте да се своумите, веднаш повикајте прва помош. А тоа е доколку почувствувате вртоглавица, оток на јазикот, отежнато дишење и пецкање на кожата.

Извадете го отровот или бодежот од инсектот. Некои од инсектите знаат да остават бодеж на самото место, па препорачуваме да погледнете добро и доколку тоа се случи, да го извадите со пинцета или со нокти. Претходно добро измијте го местото од убодот и никако немојте да го истискате отровот бидејќи така може само да се рашири.

Ставете ладни облоги. Најдобар начин е да намотате мраз во крпа или ткаенина и да го оставите на болното подрачје. Доколку немате мраз во близина, ладен метален прдмет може да помогне.

Задолжително измијте го местото на убодот, а потоа ставете смеса од сода бикарбона и вода. Може да помогне и паста за заби. Оставете да делува и измијте го местото за 20 минути.

Напијте се анелгетик, како би ја ублажиле болката. Аналгетикот е добар за возрасни, но не важи и за мали деца се додека не добиете упатство од доктор.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот