Што ако појадокот не е најважниот оброк во денот?

0

Целиот живот нè учеле дека појадокот е најважниот оброк во денот кој никако не смее да се прескокне. Но, неодамна се појави натпис во списанието American Journal of Clinical Nutrition во која се вели дека појадокот може и да се прескокне.

Направена е студија со околу 300 лица со прекумерна тежина, и тие биле поделени во две групи. Едните биле ставени на специјална диета која вклучувала и појадок, а другите не појадувале. По 16 недели не постоела значајна разлика помеѓу членовите на двете групи во однос на намалената тежина.

Крајниот заклучок е дека појадок е идеален временски период за да се внесат хранливи материи, протеини, растителни влакна, но дека е подобро да не се јаде ништо отколку да се изеде високо калоричен појадок.

Освен прескокнувањето на појадокот, испитувачите препорачале таканаречено „повремено постење“. Ова го објаснуваат како нејадење во период од 14-16 часа во текот на денот. Бидејќи во 24 часа спиеме 6-8 часа, ова нејадење и не е многу „страшно“, односно телото може да издржи малку подолг период без храна.

Нивната препорака е ваквиот режим на исхрана да се спроведе 2-3 пати во текот на неделата, посебно ако сакате да намалите неколку килограми, а не сакате да се откажете од храната, бидејќи тука не постојат рестрикции во однос на она што се јаде.

Што мислите, дали се во право? Треба ли да се појадува редовно или да се прескокнува појадокот? Тоа, сепак, останува на секој од вас.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот