Стивен Хокинг загрижен за судбината на нашата цивилизација

0

Стивен Вилијам Хокинг, англиски физичар, а во моментов директор на истражувачкиот центар за теоретска космологија во одделот за применета математика и теоретска физика на Кембричкиот универзитет. Тој е познат по своите придонеси во полето на космологијата и квантната гравитација, особено во контекс на црните дупки.

Досега, не е првпат да има свое излагање во кое јавно ја покажува загриженоста за човековата иднина и воопшто за целата цивилизација. Тој во последното обраќање, вели дека нуклеарната војна, глобалното затоплување и генетски создадените вируси ќе доведат до уништување на нашата цивилизација.

Овој научник изјави дека напредокот на технологијата и науката ќе доведе до создавање на “нови начини според кои се може да појде на полошо“.

Клучно во опстанокот, според него би било да се почне со колонизација на други планети.

“Иако шансите за појава на катаклизма на Земјата, во овој момент се мали, тие со текот на времето се засилуваат, па во текот на следните илјада до десет илјади години ќе биде најверојатно неизбежна појава на истата. Дотогаш, би требало да ја населиме вселената и другите ѕвезди, со што ќе ја задржиме човековата раса. Но, бидејќи во текот на следните години тоа е невозможно, она што ни преостанува е да бидеме многу внимателни“.

Следното предупредување кое го упатува се однесува на вештачката интелигенција, која може да стане доволно моќна и да доведе до целосно истребување на човечкиот род од лицето на Земјата.

Тој заклучува: “Нема да престанеме да напредуваме, нити да го вратиме процесот на почеток, но мораме да ги препознаваме опасностите и да ги контролираме. Јас сум оптимист и верувам дека тоа може да го постигнеме“.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.