Стивен Џерард се враќа во Ливерпул

0

Поранешниот капетан и легенда на Ливерпул, Стивен Џерард уверено вели дека ќе се врати во клубот „порано или подоцна“.

Тој во повеќе наврати истакна дека моментално ужива во САД, каде не е толку експониран како што беше во Англија.

Тука можам да поминам незабележано, што секако е бонус и можеме да правиме многу нешта.“ – изјавува Џерард.

Вели дека му недостигаат пријателите, поширокото семејство и студеното време во Велика Британија.

stivi

Се враќам дома за извесен период,“ вели Стиви.

Не би сакал непотребно да започнувам шпекулации, во моментов тука сум среќен. Но, сигурен сум дека еден ден во некaков аспект ќе го застапувам Ливерпул. Ми недостигаат натпреварите. Поминав 35 години во Ливерпул, Ливерпул е мојот дом и секогаш ќе биде. Порано или подоцна ќе се вратам онаму каде што ми е најудобно, а тоа е Ливерпул“.

Тој додава дека заедно со неговото семејство живеат во фантастичен град и искусуваат поинакво животно искуство.

За време на својата 17-годишна кариера во Ливерпул, тој има преку 700 настапи, а моментално настапува во американската лига за Лос Анџелес Галакси.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот