Стилската икона Ирис Апфел со изложба во Париз

0

За оние што досега не ја запознале, таа е 94 годишна икона на стилот и е највозрасното лице што се појавува се уште на насловните страници, а сега отвoра и сопствена галерија во Париз. Односно нешто што ќе наликува на тоа.

Од 27 февруари до 26 март Ирис Апфел ќе биде главна тема за изложбата под име „Ирис во Париз“ во галеријата Le Bon Marché.

“Тука ќе имате можност да ги видите изложени предметите со уникатен дизajн изработени од мои соработници и лично од мене, работи кои го карактеризираат мојот стил“ вели таа.

Повелете на изложбата, а мала најава е следното:

– чанти дизaјнирани од Ирис Апфел, изработени од црвена и црна монголска волна;
– очилата по кои таа е позната;
– пеперутки машна за вашиот партнер;
– нараквици дрвени и ѓердани без кои таа не се излегува од дома;
– лимитирани модели на шал, изработени од високо квалитетни материјали и уникатни чадори;
trendalert-iris-apfel_3

Најинтересниот дел од комплетната изложба ќе бидат десетте комбинации на облека кои Ирис ги има носено за посета на настани во Париз. Односно нејзиниот париски изглед.
Овие облеки ќе стојат поставени во стаклени кабини за посетителите да можат да ги видат. Со оглед на нејзиниот стил и нејзината страст за модата, се очекува оваа изложба да привлече многу странски обожаватели како и домашни.

„Јас верувам во тоа дека секој треба да биде облечен за пригодата. Изгледа дека убавото однесување и изглед не се повеќе во мода. Ако знам дека треба да одам на вечера во Париз, или на опера, тогаш не може да си дозволам да изгледам несоодветно“- вели таа.

Ирис ќе биде во посета на Париз од 27 февруари, а за време на деновите на изложбата таа ќе гостува во галеријата на 2 Март што ќе се поклопи и со париската модна недела.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.