Стилот е вечен… но, не без овие парчиња

0

Времињата се менуваат и мажите денес имаат поинаква перцепција за модата, за убавото облекување и за стилот. И покрај тоа, на многумина навистина не им е важно како ќе излезат од дома.

Па, дури и да сте еден од нив, сепак постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание, особено во овие студени зимски денови.

Не купувајте јакна или капут кои ќе ви бидат неколку броја поголеми или со предолги ракави. Дури и идејата да ви е да можете под него да носите облека во неколку слоја. Нема да изгледате убаво. Наместо тоа одберете парчиња што ќе ви бидат точни.

Ако, пак, решите да се облечете слоевито, тоа нека биде комбинација од кошула со џемпер, или маичка со кошула и слично. Не облекувајте два џемпера еден врз друг (со различна дебелина), бидејќи ви студи.

Ни панталоните не смеат да ви бидат неколку броја поголеми и да изгледате како да сте облекле вреќа. Не смеете да купите поголеми панталони дури ни кога ви е толку студено што под нив планирате да облечете ѕиври. Запомнете, не треба да се срамите од фактот што барате начин да се стоплите. Никој нема да ви замери. Ќе ви замерат за панталоните во кои ќе може „да влезе уште еден“.

Ако сакате да се облекувате со стил, водете сметка за деталите – носете ракавици, убави ремени, дури и шамивчиња во џебот на палтото, вратоврски., шалови… чевлите нека ви бидат чисти!

А при изборот на чевли имајте ги предвид функционалноста и изгледот. Одберете чевли или чизми во кои ќе ви биде топло, кои нема да се лизгаат на снегот и кои нема да пропуштаат вода.

И за да оставите впечаток на маж кој води грижа за себе, не излегувајте, без капче, на пример. Оваа сезона, капчињата за мажи се вистински моден хит. Вие само треба да го одберете она што најмногу ќе ви одговара – плетено, памучно, волнено, качкет…

Потребно е навистина малку за да постигнете многу. Дури и со својот изглед.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот