Стил за мажи според градбата на телото

0

Важно е да знaете правилно да одберете облека за градбата на вашето тело, но уште поважно е облеката да биде со точна бројка – ниту помала ниту пак поголема, мажите често знаат да го испуштат овој дел.

И најскапата јакна, фармерки или кошула би изгледале смешно ако се преголеми или прекуси. Според градбата на телото вака би требало да изгледа вашиот избор на гардероба…

Крупни мажи

Мажите со крупна градба на тело треба да одбегнуваат нападни бои и поголем број на облека. Бирајте го соодветниот број, односно тој што го носите.
На вашата градба на тело одлично би прилегале маици или кошули со вертикални дезени. Карираните дезени се прифатливи кога линиите на дезенот се во вертикален правец ,бидејќи визуелно ќе ве издолжат и ќе изгледате послаби.
Лесните материјали се исто така прифатливи, како ленот, а одбегнувајте ги дебелите како твидот.
Доколку треба да се одлучите за сако-костим, тогаш најдобро е да го сошиете, бидејќи ниту еден друг костим нема да ја нагласи фигурата на телото како кроеното по мерка.
Ракавите треба да се точно по должината на рацете, а панталоните потесни и малку подолги.
Препорачливо е да носите сако со копчиња во два реда, бидејќи истото одлично ја истакнува ширината на рамената и ја следи формата на телото.

Доколку носите куси панталони, до колена, тогаш носете ги точно на половината. Не носете многу широки кошули со хоризонтални дезени. Доколку одберете да носите пуловер за студените денови, нека биде подолг и еден број поголем, а кога сме кај чевлите- едноставни и без украси.
Ако носите капа, одберете со средно голема стреа.

long-sleeve-shirt-jeans-athletic-shoes-belt-sunglasses-original-7036
Низок маж

Главен фокус при облекување на мажи со помала висина е визуелно да се издолжи телото – многу слично како и кај крупните.
Но, рамената кај мажите со ситна или помала градба на телото, треба да имаат коцкаста форма.
Кај нив должината на сакото може да е критичен избор. Ако е прекусо го сече телото на половина, а ако е предолго ги прави нозете прекуси.
Должината на фармерки или панталони, треба да е подолга од вообичаеното. Одбегнувајте чевли со украсни копчиња или поуникатни материјали како антилоп.
Понекогаш е добро ако избегнувате да ги подвиткувате панталоните, бидејќи тоа ги прави покуси нозете. Пуловерот или капутот секогаш нека се во должина на колената. А изборот на капи или шешири, може да е во поширока форма.

navy-suit-white-dress-shirt-black-derby-shoes-original-744

Високи мажи

Кај високите мажи е важна водорамната линија која ја нагласува ширината, а се постигнува со дијагонални и карарини дезени.
Соодветни материјали се и оние подебелите како твидот. Сакото не би требало да биде струкирано, но потребно е да биде помалку широко во пределот кај рамената.
Сакото со два реда на копчиња е одлично за високите мажи. Панталоните или фармерките секогаш би требало да се подвиткани.

8cab266af53743d420f8fe91bb01356f

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот