Стиховите на Вислава Шимборска

0

Вислава Шимборска е најпознатата полска поетеса која во 1996 година ја има добиено Нобеловата награда за литература. Нејзините поетски творби изобилуваат со стилски фигури и одредени стихови ќе ви одзвонуваат долго во главата. Родена е во 1923, починала во 2012 година и за време на нејзиниот живот напишала повеќе од петнаесет книги со поезија. Една од нејзините најпознати песни е токму следнава.

12_1_19_3 (1)

ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА

Моето недоаѓање во градот Н.

се случи точно.

Ти беше информиран

со непратеното писмо.

Успеа да не стигнеш

во предвиденото време.

Возот пристигна на третиот перон.

Се симнаа мнозина луѓе.

Низ толпата кон излезот заминуваше

отсуството на мојата личност.

Неколку жени брзо ме беа

замениле

во таа тисканица.

На едната и’ притрча

некој мене непознат,

но таа

веднаш го препозна.

Објцата го разменија

не нашиот бакнеж,

за тоа време исчезна

не мојот куфер.

Железничката станица во градот Н.

добро го беше положила испитот

по објективно постоење.

Целината стоеше на свое место.

Деталите се движеа

по обележаните колосеци.

Се случи дури

и договорената средба.

Надвор од дометот

на нашата присутност.

Во изгубениот рај

на веројатноста.

Негде другде.

Негде другде.

Зборовиве одѕвонуваат.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот