Сте згрешиле нешто? Извинете и се на најсимпатичен начин

0

Во секоја врска се случува по некоја караница…

Сите сме луѓе и сите грешиме, но кога дечкото ќе направи грешка во врската, тоа можеби ќе биде и најголемата во неговиот живот.

Жените тоа тешко го забораваат и се во состојба да ви префрлаат за таа грешка подолг временски период, за жал.
Поради тоа, секогаш е добро ако имате план и начин да се извините за она што сте го погрешиле.

За да помогнеме, одлучивме да ви претставиме 12 начини да и се извините на девојката и од ситуацијата да излезете како вистински херој!

1. Торта

Ако постои нешто што девојките го сакаат, тогаш тоа е слатко. Затоа, во знак на извинување подарете им торта со необичен натпис.

2. Порака во шише

Ова е сладок и романтичен трик со кој на секоја девојка би и создале насмевка на лице.

3. Извинување испишано со креда

Ги знаете оние мали табли, на нив може да испишете порака за извинување, а таа со сигурност ќе биде воодушевена.

4. Накит

Знаете како велат, со накит никогаш не може да погрешите.

5. Песна

Покажете и колку сте романтичен и забаваен, напишете интересна песна и стоплете и го нејзиното срце.

6. Список на грешки

Напишете забавен список на грешки каде ќе бидат наведени сите ваши маани „ иако ги немате“, глупости и се што сте направиле. Обидете се тоа да биде срочено на духовит начин.

7. Колач на судбината

Направете сами колач со порака, а на пораката напишете го вашето извинување.

8. Порака со стикер

Нејзиното омилено место залепете го со стикери во боја и напишетео го вашето извинување на нив.

9. Казна за извинување

Напишете го вашето извинување, ставето го во плико и закачето го на ветробранското стакло на автомобилот како казна. Со сигурност ќе се израдува што не е казна, а за останатото не гарантираме 🙂

10. Љубовна книга

Ако сакате да бидете романтични, тогаш од обичните пораки и допишувања кои сте ги имале, направете книга. Може да ги напишете убавите коментари и комплименти кои сте си ги давале.

11. Порака со маркер

Напишете порака која се гледа само под одредено светло. Така што кога ќе ја осветлите просторијата, ќе го види вашето изненадување.

12. Порака со шифри

Направете игра и создадете порака во шифри за која ќе и треба малку време да го открие значењето.

Се надеваме дека вашата грешка не е толку голема и дека овие идеи може да ви помогнат за да се смирите со саканата. Секако, нема потреба да чекате да дојде до ова, може секој ден да правите нешто од горенаведеното за вашата партнерка.
Тоа ќе донесе дополнителна забава и романтика помеѓу двајцата.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар