Сте се запрашале ли зошто луѓето не се смееле на старите фотографии

0

Колку пати сте ги разгледувале старите семејни фотографии и сте се прашувале зошто луѓето на нив не се смеат?

Истото ова прашање многу често го поставуваат и луѓето кои бараат одговори на Гугл.

Да ви помогнеме – во тоа време, пред повеќе од еден век, луѓето морале да стојат совршено мирни со „замрзнат“ израз на лицето и да чекаат да бидат фотографирани.

Црно белите фотографии на луѓето со тажни изрази на лицето не значат дека тие биле депресивни, тажни, мрачни. Нивните сериозни изрази всушност кажуваат дека тие во тоа време имале поинаков однос кон фотографиите.

Во минатото, самиот чин на фотографирање бил важен момент. Се фотографирале ретко, некои можеби само еднаш во животот. И не секој можел да си дозволи да биде фотографиран.

Позирањето пред фотоапаратот делувало како да му позираат на сликар, бидејќи отприлика толку и траел самиот чин на сликање.

Портретите изработени од сликар можеле да си ги дозволат само најбогатите, ама фотографиите им биле достапни и на оние малку посиромашните. И токму затоа луѓето го сфаќале толку сериозно и свечено самиот чин на фотографирање.

Денес, кога луѓето се фотографираат и по педесетина пати на ден тешко е да се сфати зошто фотографирањето било толку интимен чин. На фотографиите денес се смееме, правиме гримаси, намерно ги уништуваме бидејќи знаеме дека по едната фотографија веќе во следната секунда можеме да направиме нова.

Споредено со некогашните портрети, селфи фотографиите немаат уметничка вредност. Всушност, повеќето од нив веднаш ќе бидат избришани ако не ни се допаѓаат.

Овие сериозни луѓе најверојатно се забавувале како што се забавуваме и ние денес, но, заради начинот на фотографирање или големината на чинот, тие не чувствувале потреба да го потенцираат тоа.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.