Секој од нас во домот има различни предмети кои веќе се остарени, не изгледаат убаво, сместени се во некој агол или во визбата и собираат прашина. Но, време е да ги разгледате сите тие стари предмети, да ја употребите имагинацијата и од нив да направите нови.
Старата дрвена маса разубавете ја со боја и дезенирана фолија.
Држачот за цвеќе ќе добие нов лик ако го обложите со цврст материјал. Истото може да го направите и со стари шанкерски столчиња.
Аголните полици освежете ги со боја или декоративни самолепливи фолии за медијапан.
Плакарот на баба сега може да биде ваш. Исфарбајте го во бела боја.
Кој рече дека треба да купувате нови столици ако постоечките веќе не се функционални? Само претапацирајте ги…
Направете си удобна и уникатна спална со помош на пелети и сијалички.
Расипаната гитара може да биде декоративен елемнт за вашата трпезарија или дневна соба.
Украсете ги масите со мозаик кој ќе го направите сами или ќе побарате помош од искусни мајстори.
Стариот шкаф ќе биде одличен винтиџ елемент во вашата спална само ако додадете малку боја.
Од старите дрвени кути, направете шик фиокари.
Доколку ви е здосаден кујната, тогаш украсете ја.
Стариоте фиоки повторно може да ги вратите во функција.
Од старите куфери направете винтиџ масичка за кафе.
Дајте му живот на старите фиоки и плакари со помош на огледала. Пластичните столици на балконот може да изгледаат аристократски. Побарајте помош од шнајдер.
Ако ви треба нова маса, направете ја од пелети. Старите куфери исто така може да ги употребите како полици во кујната.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.