Стариот Град во Варшава – спој помеѓу историјата и денешницата

0

Варшава е метропола полна со контрасти и изненадувања за секој посетител. Варшава нема да ве остави рамнодушни, таа е извор на воодушевување предизвикано од нејзината уникатност и спојот меѓу историјата и денешницата, комбинација на модерната и историската архитектура…

Кога патот ќе ве однесе во полската престолнина, не смеете да ја пропуштите посетата на Стариот Град.

Ulica_Kanonia_w_Warszawie_-_01

Стариот дел на Варшава е ставен во списокот на светското наследство на УНЕСКО во Европа како единствен пример за повоена обнова на Стариот Град кој содржи примероци на градба во сите историски епохи од 13 до 20 век.

Стариот Град почнал да се формира во 13 век околу дворецот на војводата од Мазовија, кој подоцна станал кралски дворец. Во почетоците на неговото создавање, бил опкружен со земјен ѕид, а околу 1339 година бил заменет со камен ѕид.

800px-VarsaviaMuraDalBarbacane

Главниот плоштад и местото за трговија (Rynek Starego Miasta) изградени се на крајот на 13 или на почетокот на 14 век. Овој плоштад го поврзувал дворецот со Новиот Град (Nowe Miasto). Од 19 век четирите страни на плоштадот ги добиле имињата на важни Полјаци кои живееле на тој плоштад. Тоа се: Јан Декерт (север), Франчишек Брас (исток), Игнацие Закржевски (југ) и Хуго Колатај (запад).

На почетокот на Втората светска војна во 1939 година, подрачјето на Стариот Град тешко настрадало од бомбардирањата на германските воздухопловни сили.

800px-VarsaviaBarbacaneFianco

После војната Стариот град се обновувал се до 1983 година.

Во изворен стил обновени се стариот средновековен град, стариот плоштад, градските историски куќи, зелениот круг на местото на градските ѕидини со тврдината Барбикан, верски градби и кралскиот дворец со Сигмундовиот столб.

800px-Old_Town_Jesuite_church_Warsaw_01 800px-Kosciol_sw_marcina_warszawa 800px-VarsaviaViaPiwna

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар