„Старицата од Калкута“ премиерно изведена во народниот театар во Велес

0

На сцената на народниот театар „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ во Велес, синоќа премиерно беше изведена претставата „Старицата од Калкута“ од израелскиот автор Ханок Левин, во режија на Софија Ристевска-Петрушева.

Во изјавата за медиумите, режисерката изјави дека велешкиот театар успеал да направи европска претстава.
-Претставата е еден многу силен ритам на изведување на дејството на сцена,актерите беа многу физички и психички подготвени,затоа што ова беше претстава каде што презентиравме апсурдни и на моменти комисчни ситуации бара голема подготвеност на актерите.Значи немаше импровизации,следевме конкретни структури партитури.Работевме напорно околу два месеци и активно со кореографот,на нивната физика и емоционална спремност.Левин е мног строг автор и не дозволува никакви имправизации и јас како режисер и актерите моравме да бидеме многу дисциплинирани за да го постигнеме тој ритам што го бара претставата, потенцира режисерката Ристевска-Петрушева.

Во претставата играа актерите:Васил Зафирчев,Кети Борисовска,Слободанка Чичевска,Фаик Мефаилоски,Славица Манаскова,Жарко Спасовски и Талија Настова.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот