“Star Trek Beyond” со одлична заработка на бокс-офисот

0

“Star Trek Beyond” на Џастин Лин по првото прикажување изминатиот викенд имаше заработка од 59, 6 милиони долари, што е доказ дека една од најдолготрајните франшизи во Холивуд. После 13 филмови и 50 години традиција, се уште е актуелна и руши рекорди.

А приказната не е завршена, има нови интергалактички мисии кои треба да се истражат.

Од студиото Парамаунт веќе излегоа со официјално соопштение во кое стои дека се планира уште едно продолжение на Star Trek, во кое Крис Хемсворт ќе ја репризира улогата на таткото на капетан Кирк. Секако во главната улога ќе го гледаме уште еднаш Крис Пајн, кој одлично го долови карактерот на капетан Џејмс Т. Кирк.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот