Стар брачен пар со една фотографија покажа што е тоа љубов

0

Фотографија која пред три дена се појави на Твитер го привлече вниманието не само на оваа социјална мрежа, туку на многу други, па почна вирално да се шири. Ја поставила нивната внука која се воодушевила од гестот на дедото.

Имено, Ејми Пенингтон ја објавила фотографијата во моментот кога дедо и ја правел фризурата едно утро на нејзината баба бидејќи таа не можела самата. Имала операција на рачниот зглоб и не била во можност да се погрижи за сопствениот изглед.

%d0%b1%d0%b0%d0%b1%d0%b0-%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%b4%d0%be

 

Преслатката фотографија заради кој многумина одлучија дека е вистински приказ на љубов, е споделена речиси 100 000 пати, а собра два пати повеќе лајкови.

Единствeната грижа на бабата била дека светот ја видел и станала популарна во домашна наметка без шминка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот