Станете магнет за пари

0

Во својата книга „How To Become a Money Magnet“ авторката Marie-Claire Carlyle им помага на читателите како да ги надминат препреките со пари со кои се соочуваат цел живот и како да ги решат проблемите.

За себе признава дека немала проблем со заработка, но не знаела како да ги почитува парите, што довело до создавање на долгови.

Пет години од својот живот ги поминала истражувајќи како да го надмине тоа и зошто покрај добрите квалификации не успеала да се збогати.

На крајот дошла до заклучок дека за привлекување на парите најважна е љубовта која секој човек ја има кон себе.

Според нејзиното објаснување, парите сами по себе немаат вредност. Ако се најдете во пустина ќе посакате чаша вода, не пари.

За почеток е најважно да сфатите колку пари имате или немате. Многу луѓе толку многу се плашат од пари, што не знаат ни колку имаат во моментот во паричникот.

Без разлика дали се милионери и луѓе со долгови, најважно е да ја прифатат својата вредност во соодветно време. Тогаш врската помеѓу нив и парите ќе процвета.

Многу жени трошат пари за да ја пополнат празнината која ја чувствуваат за одредена работа и така создаваат долгови. Мора да престанат да мислат дека банките, политичарите и општеството се виновни за нивната ситуација. Повеќето луѓе секогаш гледаат да ја најдат вината надвор од себе, а тоа е уште една причина која ги влече во дополнителни долгови.

Таа нагласува како е најважно да сфатиме колку пари имаме и да трошиме во сооднос со тоа, да не живееме надвор од нашите стандарди.

Другата задача е да дефинираме колку пари сакаме и да тежнееме кон таа бројка, но не да ги трошиме однапред. На тој начин само ќе се оддалечиме од целта, наместо да се приближуваме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот