Што да не јадете кога ве боли грлото

0

Воспалението на грлото е еден од најчестите здравствени проблеми во текот на зимата и честопати е проследено со кашлица. Конзумирањето чаеви, сирупи и некои продукти ќе ви помогне побрзо да го излекувате. Но постојат и неколку продукти кои мора да ги избегнувате или во спротивно состојбата ќе се влоши.

Кисела храна

Кисели краставици, агруми и слични продукти ќе направат грлото само уште повеќе да ве боли. Дури и храната подготвена со киселина (салати, супи, чорби…) само ќе му штети на грлото.

2pickles

Зачинета храна 

Можеби мислите дека зачинетата храна може да ви помогне да се ослободите од настинката и кашлицата, но конзумирањето зачини само ќе ја влоши состојбата. Затоа избегнувајте чили, црн пипер, морско оревче

Сува храна 

Кога ве боли грлото, не само што ви е тешко да ја голтнете храната, туку и болката се зголемува со секое голтање, особено кога таа е многу сува. Затоа избегнувајте свежо овошје, житарки, ореви, кекси.

coffee

Кофеин 

Можеби шолја топло кафе додека го пиете ќе ви создаде пријатно чувство, но тоа е само привремено. По извесно време грлото само ќе ви стане уште посуво и поболно. Наместо кафе, најдобро е да земете чај од ѓумбир.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар