Среќните двојки спијат во одделни кревети

0

Ако ви кажеме дека 25% од паровите спијат во различни кревети, а дека дури 10% спијат во одделни соби, дали ќе си помислите дека нешто не е во ред со нивната врска или брак?

Секако дека да. Ама, испитувањата на Националната фондација за спиење на Америка, вели дека не сте во право. Напротив, тие тврдат дека двојките што спијат одвоени се посреќни.

Многу луѓе не можат да заспијат ако партнерот ‘рчи, ако многу мрда, ако се буди во текот на ноќта. На другиот не му останува ништо друго туку да ги трпи овие промени или по неколку дена неспиење да се искара со својата поубава или посилна половина.

И токму од оваа прилика многу двојки решаваат да спијат сами. Мирниот сон ни оддалеку не е причина за кавга, напротив…

Спиењето заедно ја дополнува емоционалната поврзаност и близината меѓу партнерите, ама тие што спијат одделно таа близина можат да ја надополнат со утринска или вечерна рутина на гушкање или водење љубов.

Дали ќе спијат во ист кревет или не е одлука на партнерите, и доколку едниот од нив не се чувствува убаво заради ноќните навики на другиот, овој не би требал да се налути заради промената.

Некои луѓе велат дека им се допаѓа тоа што имаат простор за себе, иако се длабоко заљубени во партнерот.

Други велат дека заради проблемите со несоница освен што самите биле нервозни, го правеле и партнерот раздразлив, а откога секој спие сам, ноќните нервози веќе не постојат.

Има луѓе кои можат да заспијат само ако им е вклучен телевизорот, а други не можат да ги поднесат звуците што доаѓаат од него. Единственото решение за мирен сон и среќна врска се одделни соби, нели се сложувате?

Нема ништо погрешно ни во тоа да си легнете сами затоа што вашиот партнер си легнува многу рано или многу доцна, па едниот го буди другиот.

Место за компромис постои. Многу двојки дури откако го нашле овој компромис сфатиле дека спиењето во посебни кревети ја зголемува нивната среќа. А зошто да не им веруваме?!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.