Среќни луѓе носат добри одлуки

0

Нашиот секојдневен живот е натрупан со обврски,случувања и настани. Сето тоа влијае на среќата која ни е потребна секој ден заради нормално функцинирање. Кога ќе дојдеме дома сакаме да се релаксираме во смирен амбиент. Но заради брзото темпо на живот некако просторот ни станува тесен со многу непотребни предмети кои само го зголемуваат нивото на анксиозност заради нередот кој сами сме го создале.

Психолозите советуваат: пробајте да го поедноставите просторот за живеење. Тоа значи да го расчистите местото каде го поминувате најголемиот делод времето. Почнете од сувенирите на полиците во дневната соба. Со текот на годините толку многу се натрупале, што многу е веројатно за дел од нив да не сеќавате од каде се. Ставете ги во една кутија и во подрум. Оставете ги само најважните.

Ослободете се од непотребниот мебел. Сигурно имате по некоја табуретка што ја чувате во некој агол од собата во случај да ви дојдат гости да има место за седење плус. Да бидеме реални,поголем дел од времето сме надвор и најчесто се гледаме со пријателите во некој ресторан така што мебелот кој само ни смета е непотребен луксуз.

Ако имате предмети кои ги преместувате од едно место на друго  и редовно ви пречат, најдете една кутија каде ќеги чувате. Можете даја ставите до држачот за весници односно нека биде во тон со него, зошто да не.

И на крај,како поголем зафат нека биде преместувањето на целиот мебел. Осмислете ја добро промената и реализирајте ја. Така, ќе донесете нов енергија во дневниот престој.

Што се однесува до спалната соба, таму секогаш гледајте да има што помалку реквизити на модерното живеење. Овде се мисли на дигитални уреди, почнувајќи од телевизорот па се останато, Тоа е простор за спиење и на умот треба да му дадете таква наредба, дека кога ќе влезете во оваа соба, време е за спиење. Се останато само ќе го одвлекува вниманието.

Ако ги тргнете непотребните работи, тогаш ќе бидете порелаксирани, домот ќе бидет ваша оаза на миро кој ќе би донесе среќа, што пак позитивно ќе влијае на останатите сфери од животот. Познат е фактот дека среќните луѓе побрзо носат одлуки, односно позитивното или негативното расположение влијае на одлуките кои ги носиме. Едно американско истражувањего тврди токму овој факт: на испитаници прво им биле покажувани пријатни и непријатни фотографии, а потоа фотографии од обични предмети кои биле проследени со зборовите “ми се допаѓа“, “не ми се допаѓа“, “добро“ и “лошо“. Од нив се барало да одговорат со “да“ или “не“, во зависност од тоа дали нивните чувства се поклопуваат до зборовите кои биле напишани до предметите. По добивањето на резултатите од истражувањето, научниците дошле до заклучок дека позитивно расположените луѓе побрзо реагирале. 

Ова е само уште еден доказ дека ние самите влијаеме на секојдневните одлуки во многу поголема мера, отколку што сме свесни.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот