Среќата не е цел. Таа е уникатно доживување и извонредно патување

0

Луѓето се склони да посакуваат подобри денови. Самите се уверуваме дека животот ќе ни биде подобар во иднина, со големите моменти кои доаѓаат. Кога ќе започнат студентските денови, кога ќе се вработиме, кога ќе се венчаме, кога ќе добиеме едно бебе, па друго, па можеби и трето.

Потоа, се нервираме зошто бебињата постојано плачат и посакуваме побрзо да пораснат. Кога тоа ќе се случи, се фаќаме за глава бидејќи адолесцентите се посебна сорта, па не можеме да се справиме со нив.

Си велиме дека животот ќе ни биде поисполнет кога ќе си купиме нов автомобил, кога ќе одиме на посакуваното патување и кога ќе одиме во пензија.

Вистината е дека не постои подобар момент за среќа од овој – ТОКМУ СЕГА!
Нервозите, препреките и тешките периоди се дел од животот.

Колку побрзо го прифатиме тоа, толку побрзо ќе бидеме способни да живееме во моментот и да ги цениме малите нешта кои ни примамуваат насмевка на лицето.

Затоа, престанете да чекате…
…да купитее стан/куќа.
…да ја отплатите колата.
…да дипломирате.
…да се венчате.
…да добиете деца.
…децата да тргнат на училиште.
…да ослабнете 10 кг.
…да ја најдете совршената работа.
…да дојде лето.
…да дојде зима.
…да одите во пензија.
…да чувате внуци.

Среќата е уникатно доживување и извонредно патување, а не цел.

Работете како да не ви се потребни пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа.

Бидете среќни затоа што постоите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар