Среќата не значи отсуство на проблеми, туку способност да се соочиме со нив

0

Има голема вистина во зборовите:

среќата не значи отсуство на проблеми, туку способност да се соочиме со нив

Колку работи пропуштаме секој ден само заради концентрацијата на проблемите и обидот за нивно решавање.

Секогаш треба да гледаме на тоа што го имаме, наместо на тоа што сме го изгубиле. Да, често пати го слушаме ова во најтешки ситуации, но иако звучи неубедливо, сепак има голема вистина.

Еве неколку потсетници кои ќе ни помогнат да ја вратиме мотивацијата назад во оние моменти кога ни е најпотребно.

Болката е дел од процесот на растење

Понекогаш животот затвора една врата бидејќи треба да тргнеме напред. Тоа е добра работа бидејќи ние како луѓе не сакаме да тргнеме напред ако не сме присилени(секоја чест на исклучоците). Кога доаѓаат тешки времиња, треба да се сетиме дека ниту една болка не се случува без некаква цел.

Тргнете се од она што ве боли, но никогаш немојте да ја заборавите лекцијата што се ја научиле. Само заради тоа што се борите, не значи дека сте неуспешни. Секој голем успех бара одредена борба, можеби не веднаш, но кога ќе дојде време за тоа.

И не заборавајте – постојат два вида на болка, онаа која ве боли и онаа која ве менува. Немојт да се противите на ниту една бидејќи двете ве учат да бидете подобри личности.

Во животот сè е минливо

Знаете, секогаш кога врне, потоа престанува. Секогаш кога ќе ве боли, ќе помине, ќе се излечи. Секој ден се стемнува, но затоа секое утро има светлина. Денот нас нè учи постојано и ни покажува каков е животот, но ние не сакаме да видиме. Ништо на овој свет не е вечно, а најмалку болката.

Вашите лузни се симболи на силата

Немојте да се срамите од нив бидејќи животот ви ги направил. Лузните значат дека болката престанала и дека раната е затворена. Вие сте успеале да ја надминете болката, сте а научиле лекцијата и сте заминале напред. Руми рекол: „Раната е место каде во вас влегува животот“. И навистина е така.

Секоја борба е чекор напред

Во животот, трпението не е работа на чекање, туку способност за воздржување на здравиот став додека работиме на остварување на своите соништа. Ако се одлучите на ваков чекор, тогаш одете до крај. Во спротивно, нема смисла ниту да почнувате.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.