СРЕДНОВЕКОВНА АРХИТЕКТУРА, Ѕидините на Каркасон

0

Веројатно веќе имате слушнато за друштвената игра „Каркасон“, а можеби веќе и сте ја играле. Но, дали знаете дека инспирацијата за создавање на оваа интересна игра бил токму овој најголем град – тврдина во Европа?

Ова необично место се наоѓа во Франција, а станува збор за еден од најсочуваните градови опколени со големи неуништливи ѕидови. Поголемиот дел од градбите датира од Средниот век, иако меѓу нив има и такви од постар датум.

Некои од кулите на внатрешниот прстен потекнуваат дури од периодот на Римското царство и владеењето на Римјаните. Грандиозните ѕидини го чуваат градот повеќе од 12 векови.

Интересно да се напомене нивното подножје, низ кое минува вештачки канал на кој денес се организираат туристички излети со брод.

Прошетката низ местото може да се направи пеш или пак, со велосипед, а оние поромантичните имаат можност да истражуваат и со изнајмена кочија.

Од средината на јуни, до средината на август, секоја година во Каркасон се одржува величествен фестивал, кој последниве неколку години стана главна културна манифестација во цела јужна Франција!

Делови од овој прекрасен град, во 1991 година послужија како сцена при снимањето на филмот „Робин Худ, принцот на крадците“, но нивната безвременска инфраструктура е присутна и во многу други филмови со средновековна тематика.

Овој град од бајките секоја година го посетуваат околу 3 милиони туристи од земјата и од целиот свет.

Ако и вие сте еден од љубителите на средновековната традиција, Каркасон е идеална дестинација за следната туристичка авантура.

Подготви: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.