Среброто е корисно за нашето здравје

0

Среброто не асоцира на накит, особено на прекрасните филигрански изработки. Но, малкумина знаат дека среброто може да биде и лек, односно т.н. „сребрена вода“ може да помогне при лечењето на одредени болести и промени во здравјето, како воспаление на желудник, главоболка или изгореници.

За оваа карактериситка на среброто знаеле и Феничаните, тие чувале млеко, вода, вино и оцет во сребрени садови за да спречат расипување, но ги користеле и како лек.

Сребрените јони од сребрената вода се важни во регулацијата на регенеративните процеси во организмот. Оваа способност се јавува кога среброто е во јонизирана форма, односно е претворено во раствор. Иако сребрената вода содржи многу мала концентрација на сребрени јони, таа има силни антисептични и антиоксидативни својства. Пред развојот на модерната фармакологија, сребрената вода се употребувала за лечење на различни инфекции, дури и настинка.

Придобивките од сребрената вода се огромни, така што многу земји употребуваат сребро за дезинфекција на водата, на пример во Швајцарија и Австрија домовите и канцелариите имаат сребрени филтри за вода. Многу светски авиокомпании служат сребрена вода за време на летовите. Дури и астронаутите на Интернационалната Вселенска Станица пијат само сребрена вода.

Сребрената вода денес се продава и кај нас, но ако сакате можете сами да си направите сребрена вода во својот дом. Ви треба сребрена лажичка која еден ден ќе стои во чаша вода, или пак уште подобро – ако имате сребрен сад, наполнете го со вода и оставете ја водата да отстои една вечер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот