Справете се со уморните стапала

0

По напорниот ден, нашите нозе односно стапала често пати страдаат. Доаѓаме дома уморни и не знаеме што да правиме за да си помогнеме. За таа цел, авторот Генадиј Петровиќ Малахов, во својата книга “Самолекувањето во XXI век” има неколку мали трикови.

-Доколку нозете Ви се уморни, најпрво направете си топла купка. Тоа на некој начин ќе ги ослободи и ќе го подобри крвотокот.

-Ако за време на миењето на стапалата ги масирате со четка, тоа одлично ги зајакнува и го отфрла уморот. Насапунете ја четката и масирајте од долу кон горниот дел. Ова можете да го практикувате на целите нозе, но само доколку немате проширени вени.

-Многу е корисно боси да одите по наросена трева. Преку биолошките активните состојки кои се наоѓаат во стапалата се потхранува и активира целиот организам.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот