Справете се со прекумереното потење на природен начин

0

Една од непријатните работи кои се случуваат со нашето тело во текот на топлите летни месеци е зголеменото потење. И додека многумина од нас решението го бараат во дезодорансите, добро е да знаете дека тие само го неутрализираат мирисот на пот, но дека начинот на исхрана може да ви помогне околу оваа природна, а толку непријатна појава.

Маслото од чемпрес може да ви биде од голема корист бидејќи има антибактериско дејство кое ги прочистува порите. Истото важи и за маслото од ким. Мачкајте ги под пазувите секоја вечер и само за десет ден ќе почувствувате разлика.

Наместо сончогледово масло и маргарин кои можат да бидат причинители на лошата миризба на пот, употребувајте маслиново масло кое е богато со антиоксиданси.

Исхраната во лето треба да ви биде богата со бобинки, јаткасти плодови, лисест зеленчук и житарици кои се богати со влакна кои ќе го сведат потењето на минимално ниво.

Во лето добро е да консумирате чај, за да не ви дехидрира организмот и да го намалите прекумереното потење. Со чај од камилица може да ги плакнете и оние делови од телото кои најсилно лачат пот за да го намалите количеството и да се справите со непријатниот мирис.

Избегнувајте силна и зачинета храна, намирници како лути пиперки, лук, кромид, јагнешко месо, овчо сирење бидејќи тие само можат да ја влошат ситуацијата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот