Справете се со менталната блокада

0

На сите нам, понекогаш ни се случува ментална блокада и се чувствуваме укочено, како мозокот да не ни функционира, стануваме расеани, не сме сигурни дали нештата ги правиме баш како што треба. Иако ваквите блокади се почести кај професионалците кои работат во креативните индустрии, добро е да знаете дека може да му се случат секому, воопшто не треба да ве плашат и дека постои начин како да излезете од сивилото и повторно да го вратите ентузијазмот, креативноста и желбата за работа.

Најнапред, преформулирајте го проблемот кој ве турнал во сивилото. Запишете го со сто збора, потоа со 80, па со педесет, со 30 и на крај пробајте да го запишете вашиот проблем само со десет збора. Потребна ви е една реченица за да го формулирате проблемот и полесно да стигнете до решението.

Можеби не успевате да најдете одредени одговори, затоа што не ги поставувате вистинските прашања. Кога и да почувствувате дека не може да се справите со дадена обврска или проблем, започнете да ги запишувате прашањата кои ви се мотаат низ глава и да ја гледате пошироката слика на цела ситуација.

Отворете се кон нови искуства и започнете да правите нешто што досега не сте го правеле. Дури и одењето на часови по танц е корисно. Експертите сметаат дека отвореноста на мозокот кон нови искуства автоматски придонесува за нови идеи од многу области и за зголемена мозочна активност.

Разговарајте со што повеќе луѓе, иако се чувствувате монотоно и уморно. Запознавајте нови луѓе. Побарајте идеи од блиските луѓе. Затоа што она што вие го гледате како сиво, тие може да го видат како розово, затоа што имаат поинаква перцепција.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот