Спортски флеш вести #2

0

Од спортските вести на денот, издвојуваме:

-Комитетот за етички прашања при ФИФА започнува постапка против поранешниот претседател на германската фудбалска асоцијација, Волфганг Ниерсбах.

-Одбранбениот играч на Бурнмут, Адам Смит потпиша нов четиригодишен договор со клубот.

-Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери ќе добие една од најголемите почести во Италија бидејќи ќе биде одликуван со посебен орден за заслуги.

-Поранешниот француски интернационалец Давид Жинола е во болница и се оправува после операцијата на срцето.

-Брендан Роџерс, поранешниот менаџер на Свонси и Ливерпул потпиша едногодишен договор со Селтик.

-Роџер Федерер се повлече од Роланд Гарос поради повреда на грбот, а и Гаел Монфис потврди дека нема да учествува поради вирусна инфекција. Фаворит на гренд-слемот е Новак Ѓоковиќ, а во женска конкуренција Серена Вилијамс.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот