Спортски флеш вести #1

0

Од спортските вести на денот, издвојуваме:

  • Џејми Варди од Лестер е прогласен за играч на сезоната во англиската Премиер лига.

 

  • Новак Џоковиќ го победи Рафаел Надал со 7-5 и 7-6 во сетови со што си овозможи пласман во полу-финалето на тенискиот турнир во Рим, додека Енди Мареј беше подобар од Давид Гофин.

 

  • Серена Вилијамс, Медисон Кис, Ирина Камелија Бегу и Габрин Мугуруза продолжуваат во полуфиналето на женскиот дел од турнирот во Рим.

 

  • Флорес, менаџерот на Вотфорд ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Како негова замена се спомнува Волтер Мацари.

 

  • Роберто Мартинез е отпуштен од Евертон пред последниот натпревар во Премиер лигата. Тој на кормилото на “сините” од Ливерпул се задржа 3 години.

 

  • На капитенот на лондонски Челзи, Џон Тери ќе му биде понудено продолжување на договорот во траење од една година.

 

  • Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино потпиша нов 5 годишен договор.

 

  • Откако Њукасл е елиминиран од Премиер лигата, нивниот сопственик Мајк Ешли преку соопштение им се извинува на фановите.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот