Според науката, колку трае љубовта?

0

На неурохемиско ниво луѓето кои се во долготрајна врска се како и оние кои штотуку почнале да се заљубуваат. Чувствуваат интензивна љубов која не мора да овене како што поминува времето.

Истражувањата покажуваат дека допамин – или хормонот на еуфорија и среќа, игра улога во мотивирањето на луѓето. Како тие гледаат на своите партнери во двата случаи – кога се во нова и долготрајна љубов.

Ништо не може да се спореди со чувството на нова љубов. Но, некои луѓе велат дека дури и по 10 години брак или врска, нивната љубов е се уште иста.
Кога ќе погледнат слика од својот партнер, нивниот мозок реагира во делот кој е поврзан со длабоки чувства и мотивација, а тоа е област на мозокот која се активира и кај луѓето кои започнуваат нова, страстна врска – велат истражувањата.
Според ова истражувањата даваат биолошки докази дека романтичната љубовна врска е вистинита и може да биде долготрајна.

Како што поминува времето, емотивниот однос на партнерите често се менува и луѓето обично велат дека романтиката не може да трае вечно. Некои велат дека страста неизбежно се губи во брачниот живот, а други мислат дека се развива во длабоко пријателство. Иако, во истражувњата се уште има партнери кои тврдат дека се заљубени како првиот ден, психолозите велат дека тие се залажуваат самите себе.

За да се дознае теоријата на таа тема, Артур Арон неуронаучник од Универзитетот Stony Brook во Њујорк и неговиот тим, го следеле мозокот на личности кои се наоѓаат во долготрајна среќна љубов. Опфатени биле 17 возрасни личности кои биле во брак од 10-29 години. На скала од 1-7 интензитетот на љубовта кон партнерот тие го оцениле со 5-ка.
Учесниците ја погледнале фотографијата од својот партнер, а потоа фотографија за споредба на дури личности, вклучувајќи и лица кои им се блиски и драги за да се забележи разлика во реакцијата на мозокот.

Во споредба со мозокот на луѓето кои неодамна започнале љубовна врска, се покажувало дека има некаква разлика. На пример, само кај ново заљубените личности е забележано активирање на делови на мозокот кои сигнализираат напнатост и опседнатост, а само кај долго заљубените парови е забележана додатна акција која се однесува на делови на мозокот кои стимулираат приврзаност и близина. Двете групи покажуваат активност на мозокот што стимулура допамин.
Партнерите во брак кои го оценија интензитетот на љубов највисоко, покажуваат повеќе активност во тој дел од мозокот од оние кои интензитетот на љубов го оцениле со помала оцена.
Тоа покажува дека тврдењето за интензитетот на љубов кај партнерите со долг брак е вистинит и дека навистина постои нешто наречено љубов.

Многу голем број на луѓе постојано се во дилема поради ова вечно прашање, дали навистина постои долготрајна и вистинска љубов, бидејќи сите се во потрага по неа.
Кога емотивната врска не функционира добро, секој станува депресивен.

Истражувањата на љубовните и научни варијанти, откриваат дека и луѓето кои се во долги емотивни врски се уште може да имаат мозок како и младите личности кои допрва започнуваат љубовна врска. Тоа покажува дека љубовта не е само емоција, туку е посложен и софистициран процес кој може да трае подолго време.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар