Спокојот на Дојранското езеро

0

Претстојниот продолжен викенд, повеќето од нас ќе го поминат надвор од својот дом. Некои веќе ги резервираа своите патувања во странство. Доколку сепак за Велигденските и Првомајските празници останувате во земјава, ви препорачуваме да го посетите Дојран и Дојранското езеро. Уживајте во боите кои природата ги нуди, спокојот додека пиете кафе на брегот, набљудувањето на брановите…

dojransko-ezero (1)

Легендата вели дека на местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка долина со бујни ливади и разновидни градини. На едно поткренато место имало голем извор. Покрај долината живеела убава девојка која се викала Дојрана. Во Дојрана биле заљубени многу момчиња, но за голема несреќа и еден турски големец-кајмакам. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал мир. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно езеро. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот Дојран.

dojransko-ezero (2) (1)

Уште една интересна работа поврзана со езерото е тоа дека поради јодот кој го испуштаат алгите во езерото за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, најмногу семејства со мали деца. Дојранското Езеро е познато по традиционалниот начин на ловење риби со помош на птици – корморани во огради од трска, т.н. мандри.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот