Спиењето во 30тe години го одредува остатокот од вашиот живот

0

Кога имате 20 години сè е лесно. Спиете по 5-6 часа ноќе, а тоа ви ги полни батериите и следниот ден почнувате отпочеток. Од друга страна, кога ќе ја поминете границата на 30та година, нештата веќе не се исти.

Кога ќе наполните 30 години животот ви се менува, работите стануваат посериозни. Одите на работа, одите на состаноци, наоѓате време за пријателите, за вежбање, за излегување, се грижите за здравјето, поминувате време со партнерот. Ако размислите убаво, правите нешто во текот на целиот ден. И тоа ве исцрпува.

Петте часа веќе не се доволни да се наспиете за да функционирате нормално во текот на денот. Се спремате да излезете од дома, на некоја забава, а всушност размислувате дека би било преубаво кога само би можеле да си легнете на каучот во дневната соба и да не правите ништо. Всушност не ништо – би сакале да спиете.

Во 30те години се наоѓате под постојан притисок – толку многу работи, а толку малку време за сите нив. Ја немате ни енергијата од пред неколку години, иако мислевте дека секогаш ќе биде така – лудување, журки, пиење, малку спиење и се отпочеток.

Кога ќе наполните 30 години, вашиот мозок почнува да размислува поинаку. Потребни ви се најмалку 8 часа сон за да функционирате нормално, да имате сила за следниот ден. Потребен ви е позитивен став за да не паднете под влијание на мислата „што ако не се наспијам“.

Навистина, зошто да не се наспиете?! Направете избор за тоа како ќе ви мине денот. Одредете ги приоритетите. И потоа легнете да спиете. Барем осум часа. Велат, 30те години се време кога се одредува остатокот од вашиот живот. Кога ќе наполните 40, ќе биде поинаку, нема да ви се спие толку многу.

Дотогаш, водете грижа за себе, за своето здравје и за своите потреби. Ставете го добриот ноќен сон високо на листата приоритети. Наспијте се во 30те за да бидете одморни и среќни по 40те години од животот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот