Спакувајте ја торбата и отпатувајте. Било каде!

0

Кога се ближи викендот, дилемата е секогаш иста. Дали да одморите после работната недела, дали да ги завршите сите одложувани домаќински обврски или пак да ја спакувате торбата со првото што ќе ви дојде при рака и да отпатувате некаде.

На крајот од денот, спомените се она најважното. Моментите кои примамуваат насмевки на нашето лице и ни го стоплуваат срцето. 

Но, од спиење и чистење нема спомени. Затоа, не се двоумете повеќе. Спакувајте ги неопходните работи и отпатувајте. Било каде!

Извлечете го најдоброто од двата слободни дена кои со нетрпение ги очекувате цела недела. Создадете спомени, доживејте нови авантури, споделете радост. И не заборавајте со вас да го понесете она најважното – Добро расположение!

Ако досега не успеавме да ве убедиме, погледнете ги цитатите во прилог… 

Каде и да одите, со себе понесете го сопственото сонце!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.