Шпагети со посен болоњезе сос

0

За подготовка на овој рецепт користиме делимано сад со рачки. Морковите, тиквичките, лукот и кромидот се одлична основа за подготовка на болоњезе сос, па затоа употребувајте ги секогаш без разлика дали подготвувате сос со леќа или со месо.

Исечкајте ги прво, а потоа пржете го зеленчукот во маслиново масло, сол и бибер додека да омекне. Потоа додадете ја леќата и оставете те ја да впие од соковите. Додадете го доматното пире и сосот и оставете да крчкаат.

Во меѓувреме ставете ги шпагетите да се варат во солена вода со малку маслиново масло.  Леќата варете ја додека омекне и почне да се распаѓа и подгответе се за послужување.

Во чинијата најдолу наредете ги шпагетите. На средина ставете од болоњезе сосот од леќа. Пријатен ручек!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот