Совршениот изглед на Џенифер Лоренс

0

Џенифер Лоренс моментално се наоѓа на турнеја по повод премиерата на новото продолжение на X-Men: Apocalypse во кој ќе ја толкува главната женска улога. Таа носела раскошен долг фустан за кој е потребна голема храброст. Тој го покрива поголемиот дел од телото, но ги нагласува најсексапилните делови од женското тело – градите и грбот.

Раскошната тоалета е скроена со желба да ги истакне најубавите атрибути на глумицата, па Џенифер на црвениот тепих заблескала во полн сјај.

Сепак, за крајниот ефект да биде постигнат голема заслуга има и длабокиот прорез кој ги открива нозете на актерката. Таа дури и малку се препнала поради неговиот крој и високите потпетици. Покрај совршениот аутфит, се забележува и нејзината шминка која се заснова на класичниот „beauty look“.

џенифер 2

Кога станува збор за стилот на фризурата, малку разбушaвените бранови во стилот на Мерилин Монро изгледаат многу природно и целосно го отсликуваат холивудскиот гламур кој го поседува Џенифер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот