Совршeна, Холивуд љубовна приказна – Џеј Ло и Алекс Родригез

0

Кога ќе се спомнат имињата Џенифер Лопез и Алекс Родригез, тешко е да не помислиме на тоа колку добро и среќно изгледаат заедно. Но, ако погледнеме подлабоко во нивното минато можеме да увидиме дека тие се всушност идеален спој, во секој поглед.

Неодамнешното интервју кое Vanity Fair го направи со овој пар, ни откри неколку интересни информации за приказната на 48-годишната актерка/пејачка и 42-годишниот спортист.

Фотосесија за VF

Минатата зима, додека Џеј Ло ручала во Беверли Хилс, го видела Алекс како поминува покрај неа. „Малку недостасуваше да викнам по него ”Алекс!”, но јас сум премногу срамежлива кога се работи за такво нешто.“ -вели таа.
Подоцна го забележала повторно – „Можев да заминам, но отидов до него и го потапкав по рамото, изговарајќи едно едноставноЕј”.“

Таа нагласила дека иако била облечена речиси како момче, во фармерки и чизми, со разбушавена, виткана и кратка коса, неговата реакција била „Изгледаш прекрасно.“
Можеме да претпоставуваме дека оттука започнало се, а денес не можеме да ја игнорираме силната хемија која струи измеѓу нив.

Тие всушност се запознале 12 години претходно, кога таа била со поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Антони.


На крајот од јануари, тие се договориле да излезат на вечера во Хотелот Bel Air, а за првиот состанок таа изјавила: „Седеше таму облечен во бела маица, самоуверен и маженствен и многу комуникативен. Мислам дека тој си помисли дека јас ќе бидам онаа ”зборлестата”, но тоа не сум јас. Јас сум слушач. Па, тој продолжи да зборува за своите планови, дека може да се замисли во брак повторно и сите оние работи кои нормално не се кажуваат на првиот состанок.“

Меѓу другото, таа изјавила и дека не била сигурна дека се работи за состанок. Но, забележала колку бил тој возбуден и со трема, а тоа било навистина слатко да се гледа.

Родригез ја потврди оваа изјава, дека ни тој самиот не бил свесен дека тие биле на официјален состанок, се до третиот или четвртиот пат кога излегле заедно. „Тогаш таа ми кажа дека е слободна и во мислите ми се случи хаос, бидејќи сфатив што сака да ми каже. Отидов во тоалетот и собрав храброст да и испратам смс порака со содржина: ”Изледаш неверојатно секси.“ Од тој момент, нештата станаа посериозни.“ -изјавил тој.

Доказ дека тие се идеален спој, што се однесува до нивното минато, е дека и двајцата се разведени и имаат деца од претходниот брак, двајцата се лав во хороскоп, родени во Њу Јорк, имаат латино потекло, двајцата се по природа перфекционисти и во повеќе наврати имаат изјавено дека се разбираат меѓусебно, како со никој друг.


Овој пар е исто така показател дека ”тајмингот” значи многу. Тие веројатно не би биле ова што се денес ако биле слободни пред 12 години кога прв пат се запознале, и започнеле врска. Во интервјуто изјавиле: „Во овие години пораснавме, се откривме себеси, па затоа сега функционираме толку добро заедно.“

Тие покрај меѓусебниот однос како пар, одлично функционираат и на семејно поле. Ќерките на Родригез кажале дека едноставно ја обожаваат и откако тие ја започнале врската, го гледаат својот татко како ”херој”.

Во својот дом, сите заедно ја украсија новогодишната елка и се подготвуваат за Божиќните празници.

Прашање останува, дали наскоро ќе ги видиме Џеј Ло и Алекс Родригез пред олтар ?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.