Совети за убавина од Тајра Бенкс

0

Тајра Бенкс, 42-годишниот моден могул, од неодамна и мајка, има неколку совети за убавина. Знаејќи како изгледа, не можеме, а да не се придржуваме до нив.

1.Придржувајте се до поставениот режим

„Виновна сум што одам во кревет без да го измијам лицето, ама кога ќе легнам покрај мојот син заборавам на сè. Дами, ова е сосема погрешно. Придржувајте се до правилото дека не смеете да отидете во кревет без да ја отстраните шминката. Точка!“

2. Ексфолирајте го лицето секој ден

„Многумина ми велат дека изгледам помлада отколку што сум. Тоа е можеби затоа што секој ден го чистам лицето со ексфолијант и ги отстранувам мртвите клетки од кожата.“

3. Менувајте ја фризурата

„Ниту една жена не сака постојано да изгледа исто. Затоа менувајте ја често фризурата. Косата расте, па дури и да не ви се допаѓа како изгледате сега, за кратко ќе биде подобро.“

tyra-banks04

4. Наспијте се убаво

„Квалитетниот сон е многу важен. Спијте барем по 6 часа ноќе. Ама, ако не успеете да спиете доволно, па ви се појават кесички под очите, не излегувајте од дома без шминка која ќе направи вашето лице да изгледа мазно и свежо.“

5. Поставете си приоритети

„Мојата тајна е балансот. Посветувам време на работата, ама му посветувам време и на семејството. Синот ми е на прво место. Па сега, наместо да се обидам да бидам на две места одеднаш, дел од работите ги завршувам преку телефон или конференциски повик. Тоа значи помалку стрес за мене и поголема опуштеност на телото.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.