Совети за слабеење од најинтелигентната жена на светот

0

Мерилин вон Севант беше во центарот на вниманието во 80те години од минатиот век кога на тест за интелигенција достигна бројка од 190. Благодарение на тој резултат влазе во Гинисовата книга на рекорди. Овој успех и обезбеди редовна колумна во магазинот “Парада” по името “Прашајте ја Мерилин”.

Постигна огромна популарност со пишаниот збор, а луѓето покрај прашањата за најтешките математички проблеми, ја прашувале како се храни еден таков надарен ум, односно како изгледа менито на најпаметната жена на светот.

Таа вака им одговара:

Исфрлете ги грицките

Ова значи дека дома никогаш не треба да имате кекс, чипс, кикирики и други солени задоволства. Полиците во кујната наполнете ги со продукти за подготовка на појадок, ручек и вечера. На грицкањето заборавете целосно.

Немојте да јадете помеѓу оброка

Ова вклучува здрава храна, овошје и сокови. Овошјето и соковите се здрави во умерени количини, но вие испијте некој пијалак плус кој има нула калории, вели таа. Вечерата ја радува најмногу од се бидејќи тогаш јаде како што сака и ужива целосно во оброкот.

Заборавете на калоричните пијалаци

Сокот е многу поздрав ако се пие затоплен на собна температура, наместо студен со мраз.

“Јас нарачувам пијачки без мраз во ресторани. Кога мразот се топи, тоа го уништува неговиот вкус”.

files

Не мора се да изедете од чинијата

Научете вишокот на храна, ако не сакате да го фрлите, да го оставите за следниот оброк. Не за ужина и грицкање оти така само ќе додадете килограми на вашиот изглед.

Вечерата јадете ја полека

Нема потреба од брзање. Задоволството во вечерата споделете го со семејството и пријателите, наместо се тоа да се одвива со забрзано темпо. Уживајте во секој залак.

Немојте да ја менувате исхраната за викенд

Тоа што е викенд не значи дека треба да ги прекршите сите правила. Сабота и недела се само два дена во кои треба да се придржувате на редот.

Најважен совет од сите: не јадете храна која не ви се допаѓа!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот