Совети од постарите кои ќе ве замислат

0

Понекогаш е потребно да застанете и да размислите за се што правите, кој е патот по кој одите и дали сте навистина среќни… Постарите често не советуваат како не треба да се нервираме околу ситници, па и за оние поголеми проблеми… Се поминува…

1. Најважната личност во вашиот живот е личноста која се согласила да го дели својот живот со вас. Однесувајте се со почит кон неа.

2. Можеби ќе имате долг живот или краток – кој знае… Но, во секој случај, верувајте дека ќе посакате повеќе да сте внимавале на себе во младоста.

3. Предметите се само предмети. Немојте да бидете опседнати со материјалните нешта, ценете го времето и искуствата.

4. Љубомората ја уништува врската. Верувајте и на својата друга половина, на кому друг ќе верувате ако не на неа?

5. Луѓето најчесто советуваат – „ Погрижи се да ја добиеш работата што сакаш да ја работиш.“ Но, тоа не е правилен совет. Вистинската работа за вас е онаа која некои денови ќе ја сакате, други денови нема да сакате да станете од кревет, но на крајот од денот благодарение на истата, ќе можете да ги платите сметките.

6. Ако некогаш ви е тешко да се носите со животните проблеми и одлуки, само вратете се во сегашниот момент и уживајте во се што е убаво. Вдишете и опуштете се.

7. Годините поминуваат додека да трепнеш. Не се мажете и женете млади. Живејте го својот живот. Патувајте. Работете се што ќе ви падне на памет, без разлика на тоа колку пари ќе заработите. Спакувајте ги куферите и заминете било каде и препуштете се на тоа искуство.

Додека никој не зависи од вас, не трошете пари на предмети. Патувајте. Прошетајте го светот.

8. Не ги земајте работите при срце. Дури и ако во моментот не гледате излез од ситуацијата, пробајте да се насмеете. Насмејте му се на животот и колку тој може да биде блесав.

9. Вистинските пријатели се на располагање 24/7. Сите останати се само познаници.

10. Децата за час ќе пораснат. Поминувајте го секое слободно време со нив.

11. Никој никогаш не умрел жалејќи што не работел повеќе. Бидете верни и доследни на работата, но не ја ставајте пред семејството, пријателите или себе.

12. Хранете се здраво и вежбајте.

13. Запомнете, ничиј совет не е заповед. Можете да примите совет од секого, но донесете своја одлука. Во суштина, послушајте го сопствениот совет.

14. Зглобовите кои ќе ги повредите денес ќе ви се осветат подоцна. Иако мислите дека заздравеле во целост.

15. Имаме само една шанса на оваа планета. Не дозволувајте да се разбудите и сфатите дека имате 60 години, а не сте направиле ништо во врска со работите за кои сте сонувале цел живот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.